Почитувани сограѓанки и сограѓани,
Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание и Денот на борецот.
На овој ден оддаваме најдлабока почит на македонските херои, учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание кои се симбол на непокорот и слободарскиот дух.
Славејќи ја сопствената историја и чувајќи ја слободата, денес се потсетуваме на саможртвата на храбрите борци, знајни и незнајни јунаци кои сонуваа за слободата на својот народ, својот град и држава.
Придобивките од македонската револуционерна борба нè обврзуваат сите да продолжиме да ја градиме нашата држава како современа, демократска и правна држава во која секој граѓанин има еднакви можности за пристоен и примерен живот за себе и за своето семејство.
Честит празник!
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски