Од денес до 31 октомври оваа година во Општина Велес ќе трае постапката на прибирање предлози, проекти, сугестии за креирање на програмите на општината: локален економски развој, образование, култура, социјална заштита, здравство, спорт, заштита на животна средина, соработка со граѓанските организации, поточно во сите области во кои општината има надлежност.

Образецот за аплицирање е достапен на интернет страната на општината за сите граѓански организации, фондации, спортски клубови, културно уметнички друштва.

По завршување на рокот за прибирање предлози и проекти ќе се изготват нацрт-програми што ќе бидат на увид на граѓаните и по кои ќе се водат јавни расправи пред тие да станат официјален документ за работа на општината за 2021 година.


КРИТЕРИУМИ

СООПШТЕНИЕ

ПРИЈАВА