Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека ќе се реконструира тротоарот од левата страна на улица „Благој Ѓорев“, на потегот од Театарот до Пошта. Градежните работи ќе започнат денеска. Прво ќе се крши, асфалтот, ќе се товари и транспортира до одредена дестинација, потоа ќе се вадат корења од дрвја за да се подготви површината за тампонирање, валирање и асвалтирање.

Се повикуваат пешаците и возачите, внимателно да се движат по тој дел од улицата како и да ја почитуваат поставената сигнализација. Градежните активности е предвидено да траат 10 денови.

Со почит
Општина Велес