Почитувани сограѓанки и сограѓани
Во името на Советот на Општина Велес и во мое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на човековите права.
Секој човек има право на живот, слобода и сигурност. Секој човек е еднаков пред Законот. Секој човек има право на слобода на движење, слобода на изразување и мислење. Секој човек има право на образование и право на здравствена и социјална заштита. Ова се само дел од правата пропишани во Универзалната декларација на човекови права кои човекот како индивидуа ги ужива, без разлика на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, религијата, политичкото убедување, социјалниот статус.
Правата и слободите на човекот се основните критерируми што ја отсликуваат улогата на човекот во едно општество. Тие истовремено се показател за квалитетот на живот во една заедница. Колку повеќе правата и слободите на човекот се изразени и се практикуваат, толку повеќе општеството е здрава средина за развој на поединецот.
Секој човек има право самостојно, без притисок да одлучува за сопствениот живот, при тоа почитувајќи ги Законите на природата и заедницата.
Ви посакувам добро здравје, среќа и успех на личен план, ве охрабрувам достоинствено да ги браните своите права и да не дозволувате никој да „гази“ по нив, затоа што сите ние тоа го заслужуваме.
Со почит,
Аце Коцевски
Градоначалник на Општина Велес