Општина Велес доби 350 илјади денари за организирање и одржување на „Рацинови средби“ во 2021 година од Годишната програма на Министерството за култура за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 година.
Од другите културни институции кои се под надлежност на Општина Велес, финансиска поддршка за реализација на проекти доби Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и тоа за збогатување на книжниот фонд во висина од 44 илјади денари и за снимање на аудиокниги во висина од 30 илјади денари. Финансиска поддршка од Министерството за култура доби и ЛУ “Народен музеј“ – Велес и тоа за увид и документација на споменици и спомен обележја од НОВ на подрачје на општините Велес, Градско и Чашка во износ од 50 илјади денари, за „3д- реконструкција на археолошки локалитет Кале-Велес“ во висина од 120 илјади денари, за археолошко истражување на локалитет Кале, с.Стари Град во висина од 160 илјади денари и за конзервација на камен-споменици од збирката на ЛУ „Народен музеј-Велес“, II фаза,во износ од 260 илјади денари.