Се известуваат граѓанките и граѓаните кои живеат на улицата „9ти Ноември“ дека од утре, 04 март 2021 година, ќе се започне со изведба на градежни работи на улицата.
Градежните зафати ќе се изведуваат на почетокот на улицата „9ти Ноември“, нејзиниот спој со завршетокот на улицата „Архиепископ Михаил“ (Стари фруни) и пред куќата со број 15 на истата улица.
Напоменуваме дека со изведувањето на градежните работи ќе биде отежнат сообраќајот на споменатата улица, затоа се молат граѓаните за трпение и внимание сѐ до завршување на градежните работи.
Градежните работи на улицата ќе траат седум дена.