Врз основа на член 62 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, … и 32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид по
Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП 3.3 од ДУП за УЕ VII-Блок 42, локалитет касарна – Опфат 3 – Општина Велес

Граници на опфатот за ГП 3.3, КП бр.7180/2, КО Велес се:

– на запад – станбена ул.Новопроектирана 3-3, КП бр.7180/1, КО Велес

– на исток – ул.Благој Ѓорев, КП бр.10316/1, КО Велес,

– на југ – станбена ул.Новопроектирана 3-3, КП бр.7180/1, КО Велес

– на север со КП бр.7180/1, КО Велес,

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 9506м2.

Јавниот увид по Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП 3.3 од ДУП за УЕ VII-Блок 42, локалитет касарна – Опфат 3 – Општина Велес, ќе се спроведе со објавување на службената веб страна на Општина Велес.

Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 10.03 до 25.03 2021 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk).

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.