На следната Седница на Советот на Општина Велес, Градоначалникот Коцевски ќе предложи одлука, горниот кат на поранешното основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ , без надомест да се додели на користење на Државното Посебно основно училиште „Маца Овчарова“ и да се изгради посебен влез за овие ученици. Приземјето да се намени за клон на Детската Градинка „Димче Мирчев’. Ваквата одлука е донесена по раговорот на градоначалникот со министерката за образование и наука Мила Царовска и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
„Двете министерства би се обврзале за целосно да се реконструира објектот и да се направи адаптација за учениците на ПОУ „Маца Овчарова“. Прво ќе се објави тендер за избор на фирма која ќе го изработи проектот а потоа и тендер за избор на фирма која ќе го реконструира објектот. Досега со стариот Закон за просторно и урбанистичко планирање некомпактибилни беа образованието и згрижувањето на деца во детски градинки, сега со новиот Закон тоа не е спорно и затоа ќе можеме тој објект да го дадеме на користење на основно училиште и градинката“, рече Коцевски.