Врз основа на член 62 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, … и 32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид по
Урбанистички проект за инфраструктура за крстосница со кружен тек, КО Велес, Општина Велес
Проектниот опфат е лоциран во речиси централното подрачје на град Велес, во непосредна близина на административната зграда на ЕВН КЕЦ Велес, покрај бензинската пумпа на Мак Петрол. Проектниот опфат претставува крстосницата на улица „Алексо Демниевски“ со улица „Вардарска“ и улица „Наум Наумовски Борче“, за која се планира формирање на кружен тек.
Површината на проектниот опфат изнесува 5584м2, формиран на делови од КП бр. 1792, 1793, 1794, 1795, 1855, 1856, 10265, 10288, 10314 и 10315, КО Велес.
Јавниот увид по Урбанистички проект за инфраструктура за крстосница со кружен тек, КО Велес, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување на службената веб страна на Општина Велес.
Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 15.03 до 30.03 2021 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk).
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.