Општина Велес денска ја одбележа 77 годишнината од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев. Делегација составена од претставници на локалната самоуправа, по тој повод, положија свежо цвеќе пред спомен бистата што се наоѓа во дворот на градинката што го носи неговото име и пред спомен бистата поставена во Младински парк.
Димче Мирчев е роден во Велес во 1913 година. На 27 годишна возраст активно се вклучува во подготовките на вооруженото востание. Тој е еден од организаторите на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и заменик командант на одредот. Мирчев загинал во судир со бугарската полиција во реонот на Тиквешијата на 7 април 1944 година, заедно со Киро Крстев-Налбатот, во обидот да заминат во партизани. Посмртните останки на Димче Мирчев се во велешката Спомен-костурница од НОВ. Димче Мирчев бил прогласен за народен херој на 2 август во 1949 година.