Во име на Советот на Општина Велес, од името на граѓанките и граѓаните од другите заедници и во свое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 април.

Велес е град со долга традиција на ромската заедница. Културата, верувањето и традицијата на Ромите се дел од македонското културно наследство и тие се важен сегмент во градењето на соживот и меѓусебно почитување во едно  општество. И во вонрeдни услови кога смртоносниот вирус не бира пол, вера и местоположба, највредно од сѐ е да бидеме сплотени, да се заштитиме себеси и другите.

Општина Велес и во иднина ќе продолжи да спроведува одржливи активни мерки со кои ќе се подобрува животниот стандард на сограѓаните Роми. Ќе работиме на унапредување на принципите на еднаквост, солидарност, недискриминација и заштита на човековите права на граѓаните од сите заедници во општината. Општина Велес нема да престане да се заложува за зајакнување на економската и социјалната вклученост на Ромите во сите општествени текови, затоа што Вие сте дел од нас, од нашето општество.

Посакувам во овие исклучително тешки услови кога сме целосно посветени на заштита на личното и јавното здравје, да ги почитувате мерките и да останете дома, бидете одговорни пред вас и вашите најблиски.

 

Со почит,

 

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски