Во Општина Велес се изгради вториот летниковец, поставен на потенцијално излетничко место, ридот „Свети Илија“.
Летниковецот е поставен на атрактивно место каде жителите на Велес ќе можат да рекреираат, пешачат и одморат на еден од велешките ридови, на 565 метри надморска височина.
Активностите се реализирани од проектниот тим на Локална Акциона Група ВАРДАР ЛЕАДЕР, а проектот е поддржан од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2019 година, од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Општина Велес учествува во овој проект со финансиска поддршка од општинскиот буџет во висина околу 60.000,00 денари, а по барање на ЛАГ Вардар ЛЕАДЕР – Градско со средства на општината беа направени и постаментите за двата летниковци.
Ова е втор летниковец поставен на еден од трите велешки ридови. Општина Велес го постави првиот летниковец во месец март оваа година на ридот „Вршник“. Истиот е на височина од 445 мнв, а за велешани ова место прерасна во нова и алтернативна локација за рекреација за што сведочи големата посетеност.