Младите од Велес и градоначалникот Коцевски со видео честитка по повод 9 мај, Денот на Европа.
„Драги, млади велешанки и велешани,
Денес ја славиме Европа, континент кој повторно се изгради благодарение на силната соработка и желба за побезбедно и посигурно утре на европските жители.
Наоѓајќи заеднички пат напред, на овој важен ден во историјата, многу млади луѓе и младински групи се бореа за обединета Европа, во која еднаквоста, заедништвото, младинската застапеност и просперитет се дел од вредностите на европското семејство.
Денес, сите ние, а посебно младите луѓе растат и живеат со придобивките на Европската Унија. И вие, младите велешанки и велешани сте дел од европската генерација на млади луѓе. Почитувајќи ги и поддржувајќи ги европските вредности, секој еден млад човек застанува во одбрана на демократијата и животот во мирни и одржливи, еднакви општества за сите.
Авангардниот глас на младите е императив за успехот на Европската Унија, генерално, но и на секој град и држава, поединечно.
Овој ден е симбол на европската идеја.
Затоа, ве поттикнувам и ве охрабрувам да бидете смели. Да му пркосите на секојдневието со уникатни, современи идеи кои нудат визија и широк спектар на развој на секое општество. Општество кое е инклузивно и во кое одлуките солидарно се донесуваат преку конструктивен дијалог, во кое владее силна демократија, втемелена на меѓусебна почит и еднаквост на сите.
Со поттик за заедничко вклучување во процесот на донесување на одлуки, нека овој Ден на Европа биде почетна точка за следното поглавје на Велес, како место во кое младите, обединети ќе бидат вклучени во сè што значи поддршка на правата на своите граѓанки и граѓани и секако на вредностите за кои вашата генерација стои толку силно – демократија, еднаквост, владеење на право и човекови права.”