Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на сите активисти на Општинската Организација на Црвен крст, на сите крводарители и хумани граѓани, Ви го честитам 8 мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената Полумесечина.

Хуманоста е најголемата доблест на човекот. Да се помогне некому во неволја, да се сочувствува и поддржува е одлика на хуман човек кој несебично и пожртвувано помага без разлика на пол, вера или нација.

Вашата мисија на спасување на животи и намалување на страдањето се достојни за почит и пример во целиот свет. Достапни сте за секого особено во услови на криза, кога општеството не може да се избори без вашата помош.

Посебно Ви благодарам за вашиот придонесво справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Останете доследни на вашиот животен повик, ширете ја вашата мисија насекаде во светот, особено меѓу младите генерации.

Ви посакувам добро здравје и личен успех како и успешни активности на полето на хуманоста.

 

Со почит,

Градоначалник на општина Велес

Аце Коцевски