Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници на влашката етничка заедница, Ви го честитам 23 мај, Меѓународниот ден на Власите.

Велес е горд на своите етнички заедници, нивните особености, култури, обичаи и традиции. Влашката етничка заедница е составен и нераскинлив дел од нашето современо општествено живеење и делување. Народ со исклучителна карактерна особина, тивок и ненаметлив, но истовремено со борбен дух и силно чувство на припадност.

Влашката култура, традиција и обичаи се трајно и коренито втемелени во историјата на македонскиот народ, а духот на вашите претци во сегашните и идните генерации.

Со заеднички сили, доверба и меѓусебно почитување да работиме на раст и развој на градот, да градиме иднина за нас, нашите деца и внуци.

Вам и на вашите семејства ви посакувам добро здравје, а празничните денови да ги поминете во радост, среќа и бериќет.

Нека Ви е честит Маѓународниот ден на Власите.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски