Врз основа на член 50, став 1, точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 23 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19) а, согласно Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на Директор на Јавното претпријатие „Пaрк –Спорт и Паркинзи“ -Велес бр. 08-2383/1 од 09.06.2021година,
Градоначалникот на Општината Велес, распишува
Јавен конкурс
за избор на Директор на Јавното претпријатие
„Парк –Спорт и Паркинзи“ – Велес
Се распишува Јавен конкурс за избор на Директор на Јавното претпријатие „Парк –Спорт и Паркинзи“ -Велес
Покрај општите условите, треба да се исполнуваат и условите утврдени со законот за јавните претпријатија:
- да е државјанин на Република Македонија,
- да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- има минимум пет години работно искуство.
- поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).
- да има организациона и менаџерска способност за раководење.
Со пријавата, кандидатите треба да приложат:
- Уверение за државјанство;
- Заверен препис на диплома за завршена стручна подготовка;
- Потврда за работно искуство;
- Кратка биографија-CV;
- Сертификат за познавање на јазик,
- Потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
- организациона и менаџерска способност за раководење се докажува со Програма за работа и развој на ЈП „Парк-Спорт и Паркинзи“-Велес за наредните четири години раководење.
Распоред на работно време: Работни часови во неделата = 40 часови, со работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 часот.
Нето плата 36.846 денари.
Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето, а кандидатите кои ги исполнуваат услови по закон и посебните услови ќе бидат повикани на интервју во рок од 5 (пет) дена по завршувањето на јавниот оглас.
Известувањето за извршениот избор се доставува до кандидатите во рок од 8 дена од денот на донесувањето на одлуката за избор.
Со избраното лице ке биде склучен договор со Градоначалникот во кој ќе бидат регулирани правата, одговорностите и овластувањата согласно со закон .
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Општина Велес на адреса: ул. „Панко Брашнар“ бр1. 1400 Велес, со назнака „за јавен конкурс за избор на директор“.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.