Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои имаат добиено термин за вакцинација во Кавадарци, преку апликацијата vakcinacija.mk, да се обратат во вакциналниот пункт во Велес (спортска сала ССОУ „Коле Неделковски“) и таму да ја примат вакцината.

Сите оние граѓани кои што имаат добиено термин за ревакцинација во Кавадарци, втората доза ќе ја примат во вакциналниот пункт во Кавадарци.

 

Со почит,

Општина Велес