Градежни активности кои се изведуваат во моментов согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на територијата на Општина Велес за 2021 година се следниве:
Продолжуваат работите на изградба на Градскиот пазар во вредност од 86.000.000 денари од кои 40.000.000 од Владата а 46.000.000 денари се задолживме со кредит кај Светска банка.
Отпочнати се градежните работи за асфалтирање на дел од улица „Новопроектирана улица 2-2“ локалитет Касарна со проценета вредност со ддв околу 1.070.000 денари .
Во тек се градежни работи за изведба на сепаратор за масло за потребите на паркингот на езеро Младост со проценета вредност на работите околу 700.000 денари.
Во тек се градежни работи за изведба на атмосферска каналуизација под игралиштето за голем фудбал во село Горно Оризари во вкупна вредност од 2.039.326 денари.
Започнати се градежни работи за бетонирање на улица во село Бузалково со должина околу 140 м и ширина од 4 м – со проценета вредност од околу 800.000 денари.
Започнати се градежни работи за бетонирање на улица во село Клуковец со должина околу 120 м и бетонски потпорен ѕид со должина околу 20 м со предвидена вредност на работите околу 700.000 денари.
Започнати се градежни работи за бетонирање на дел од ул Александар Несторов и Славе Ефровски со проценета вредност од околу 1.300.000 денари.
Завршено е со асфалтирање на влезниот дел од дворот во Гимназијата „Кочо Рацин“ со површина од 750 квадратни метри и вкупна вредност од 1.122.000 денари.
Завршено е бетонирање на дел од улица „Даме Груев“ во должина од околу 250 метри и површина од 900 квадратни метри во вредност од 1.700.000 денари.
Завршено е со асфалтирање на дел од улица во сателитската населба на езеро Младост во должина од околу 245 метри и ширина 7 метри со вредност од 2.500.000 денари.
Завршено е со асфалтирање на улица „Првомајска“ 32 во село Оризари во должина од околу 380 метри во вредност од 1.500.000 денари.
„Сакам да се заблагодарам и на Градежната фирма „Штрабаг “ која го асфалтираше игралиштето зад Гимназија „Кочо Рацин“ и средното стручно „Димитрија Чуповски“, во вредност од 600.000,00 денари. Асфалтирана е површина од 600 квадратни метри“, истакна Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.