Клубот на писатели „Коста Солев Рацин” од Велес е регистриран во 2010 година, на иницијатива на неколку членови, во интерес на промовирање на македонскиот јазик и пишаниот збор. Од тогаш до денес тој е препознатлив не само во нашиот град, туку и во државата и пошироко.
Организатор е на многу поетски настани со учениците од основните и средните училишта. конкурси за деца и возрасни и издадени се многубројни изданија како доказ за соработката со децата, а и со возрасните писатели.
Клубот активно соработува и со останатите литературни здруженија. Соработката е плодна исто така и со иселениците од Австралија, Германија, Италија, Хрватска…
Брои околу 30 членови, а гордост на Клубот е подмладокот кој активно учествува на поетските настани и читања.
Годинешната „Велешка поетска вечер” се одржува по 12. пат.