С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавен увид по

Урбанистички проект за ГП 1 за формирање на градежна парцела 1.1 со намена А1-домување во станбени куќи-слободностоечки, на КП 1242/1, КО Каласлари, Општина Велес

Граници на опфатот за КП бр.1242/1, КО Каласлари се:

– на северозападна страна опфатот се граничи со КП бр.1243,

– на североисточна страна граничи со КП бр.1239 и КП бр.1241/2,

– на југоисточна страна опфатот граничи со КП бр.1241/1 и КП бр.1242/2,

– на југозападна страна опфатот се граничи со КП бр.1558.

 

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 1 229м2.

Јавниот увид по Урбанистички проект за ГП 1 за формирање на градежна парцела 1.1 со намена А1-домување во станбени куќи-слободностоечки, на КП 1242/1, КО Каласлари, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување на службената веб страна на Општина Велес.

Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 13.07 до 27.07.2021 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk).

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.


Соопштение
УП Караслари
Урбанистичко решение