Почитувани,
Општина Велес ги известува сите правни лица со стручна експертиза од областа на сообраќајот дека Програмата за развој на Обединетите нации УНДП објави тендер за изработка на Физибилити студија за мрежа за јавен градски превоз и систем на јавен градски превоз во Велес. Тендерот е објавен во рамките на проектот на УНДП „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ од кој Општина Велес доби финансиска поддршка за изработка на сеопфатна студија за јавен градски превоз.
Сите заинтерисирани компании повеќе информации за објавениот тендер можат да добијат од следниот линк:
https://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=80845