Општина Велес упатува апел до граѓаните на Велес и околните населени места како и на жителите на општините Чашка и Градско да бидат крајно внимателни при движење во природа и јавните зелени површини. Со оглед на актуелната ситуација, големите пожари кои ги зафатија речиси сите краеви на државата, се замолуваат граѓаните да покажат високо ниво на совесност, да не фрлаат отпушоци во близина на трева, да внимаваат при посети на излетнички места во природа, да не палат стрништа, скари и слични други агтивности кои би ја загрозиле природата, која ни припаѓа подеднакво на сите нас. И не само шумите кои се нашето природно богатство, од мало невнимание можат да се уништат цели домови и други материјални добра, па дури и човечки животи.
Затоа апелираме на максимална внимателност и совесност при престој на отворено и во природа.