Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека поради актуелната состојба со Ковид-19 и новодонесените мерки и протоколи за заштита и ширење на вирусот од страна на Комисијата за заразни болести при Владата, сите настани кои се дел од „Велешко лето” 2021, времено се одложуваат.

Воедно, традиционалниот „Турнир во мал фудбал” и XVII издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2021, исто така се одложуваат.

Сите одложени настани и манифестации ќе се организираат во период до крајот на годината кога ќе бидат создадени услови и во формат, соодветен на условите.

Општина Велес навремено ќе ја извести јавноста.

Ви благодариме на разбирањето.

Здрајето е заедничка одговорност.

 

Со почит,

Општина Велес