Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски денеска потпиша Маморандум за соработка со УНДП за реализација на проектот ReLoad 2 во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан.
Со успешниот процес на апликација Општина Велес успеа да се најде помеѓу неколку македонски општини кои добија финансиска поддршка од ЕУ и УНДП за зајакнување на граѓанското учество во работата на општината. Проектот наречен ReLoad 2 ќе обезбеди финансиски средства со кои општината во наредниот период ќе ги поддржува активностите и проектите на Граѓанските организации кои се од јавен интерес и ќе придонесе за поголемо учество на граѓаните во планирањето на буџетот, општинските стратегии за развој како и во отчетноста и реализацијата на планираните програми.
Ова е еден од најзначајните проекти во областа на граѓанското учество и поддршката за граѓаните во изминативе години. Средствата се обезбедени од Европската унија, од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.