Почитувани,

Комисијата за пописен реон -18 Велес, Чашка, Градско, ги известува сите жители од територијата на овој пописен реон, кои поради било која причина не се изјасниле, односно не се попишани пред лицето попишувач, своето право на попишување можат да го остварат со доаѓање во просториите на Општина Велес, во посебно отворена канцеларија за оваа намена на ул. „Панко Брашнаров“ бр. 1.

Попишувањето ќе започне да се спроведува од 27.09.2021година (понеделник) од 8:00 до 20:00 часот и ќе го спроведува овластен попишувач со издадено овластување од Државен завод за статистика.

Сите лица коишто сакаат да го остварат своето право на попишување можат да се најават на тел: 071 39 72 29 или 043 232 406, локал 114 или да дојдат во просториите на Општина Велес, без претходна најава.

Претседател
на Комисијата за пописен реон -18
Елизабета Јовчевска