Урбанистичкиот проект (УП) кој е усвоен со Потврда УП бр.1310-21 од 28.07.2021 година, се работи за формирање на четири градежни парцели на дел од КП бр. 1058/3, КП бр. 1058/2, КП бр. 1185/4, дел од КП бр. 1185/3 и дел од КП бр. 1185/2, KO Отовица,
согласно Општ акт за уредување на услови за начинот на градење во село Отовица, Општина Велес за кое нема урбанистички план Одлука бр. 27-6567/6 од 16.11.2015 година.
Урбанистичкиот проект за село се изработува заради разработување на земјиштето каде што со урбанистички план за село, не се формирани градежни парцели,
а катастарските парцели ги задоволуваат условите за формирање на градежната парцела пропишани во овај правилник.
Градежната парцела ќе се формираа во зона со намена на градбата – домување. Согласно Правилникот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 225/20),
номенклатурата и групирањето на системот на класи на намени, е уреден со следните класи на намени: А1 – домување во куќи, поединечна намена А1.1 – станбени куќи – слободностоечки.