Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Овој ден е историски ден, врежан во колективната меморија на македонскиот народ, ден кога со почнување на организираната борба на нашите храбри и непоколебливи борци, се појавило светлото на крајот од тунелот. Ден достоен за восхит и почит кон великаните на македонската револуционерна борба, кон сите знајни и незнајни борци за слободна и самостојна независна држава.

Празнувајќи го овој значаен и голем празник за македонскиот народ, се потсетуваме на заветот што ни е оставен, да ја чуваме нашата татковина, да продолжиме да градиме заедница, во која секој ќе има можност да ги оствари своите права, загарантирани со Устав. Да се почитуваме меѓусебе без разлика на верската, националната или политичката определба, да продолжиме по патот на развојот и напредокот и да создаваме светла иднина за новите генерации македонци.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски