По барање на вработените во основните и средните училишта во Велес, Територијалната противпожарна единица одржа низа показни вежби за евакуација во случај на пожар и гасење на пожар со ПП апарат.
Во текот на изминатата недела обуки на вработените се одржаа во општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, во Средното стручно училиште „Коле Неделковски“, економското училиште „Јовче Тесличков“.
Вработени од територијална единица Велес извршија едукација на вработените за евакуација во случај на пожар и начин на употреба на ПП апарати, евакуација на сите ученици и вработени од училиштето со напуштање на училишната зграда како и практична примена на апаратите за гасење на пожар во училишниот двор.
Показни вежби ќе се одржат и во општинските основни училишта „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“, како и во средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“.