Општина Велес Ве поканува на Jавнa расправa по Нацрт-документите на општината за 2022 година. Јавната расправa ќе се одржи на 24.11.2021 година (среда) во големата сала на Општина Велес и тоа за:
- преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани во 16:30 часот
- претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 18:00 часот
На Јавната расправа ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2022 година:
-
- Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2022 година.
- Нацрт-програма за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на јавната чистота и јавното зеленило во 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2022 година.
- Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Oпштина Велес за поддршка на младите во 2022 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2022 година.
Нацрт- документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете и во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk, Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.