Општина Велес објавува јавен повик за доделување на повеќегодишни садници на физички и правни лица за 2021 година. Со овој повик општината има за цел да ги стимулира граѓаните да земат сопствено учество во подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во гардот.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“ и ќе трае се додека не се доделат сите садници, односно ќе продолжи до крајот на годината.

Барањето заедно со потребната документација можете да ги поднесете во архивата на Општина Велес, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. Барањето и документите треба да бидат во затворен плик на кој на задната страна ќе се наведе „Јавен повик за доделување на садници“.


Јавен повик за доделување на садници

Барање