На денешен ден се одбележуваат 82 години од печатењето на збирката песни „Бели Мугри на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. Првиот примерок на збирката излегол во печатницата на Драгутин Шпулер во Загреб. Збирката е составена од 12 песни, во пет циклуси напишани на велешки дијалект, во кои на најсликовит начин се опишани најтипичните социјални појави на македонскиот народ пред почетокот на Втората светска војна.
„Бели Мугри“ е антологија на болката и страдањата на македонскиот народ, експлоатацијата на тутунопроизводителите, на монополските работници и на надничарите. Низ стиховите на Рацин се наѕира и борбениот и револуционерен дух.