На првиот отворен ден, градоначалникот Марко Колев ги прими граѓаните и граѓанките кои имаа закажано средба со него. Градоначалникот ги слушна нивните проблеми, потреби, приоритети, но не изостанаа и креативните предлози и сугестии за подобрување на квалитетот на живот во општината.
Општина Велес продолжува со своите основни начела и принципи да биде транспарентна, отчетна и отворена општина за сите граѓани на Велес.
Средбите со градоначалникот се реализираа со запазување на предвидениот рок и со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид 19.
Секоја наредна среда, со исклучок на неработните денови, ќе биде отворен ден за прием на граѓани и граѓанки кај градоначалникот.