По повод 5 декември, меѓународниот ден на волонтерството, Општина Велес и ЗГ „Младите можат” од Скопје, организираа работилница за млади, дел од проект за поддршка на изборните реформи, поддржан од Швајцарската агенција за развој и Националниот Совет на Македонија.
Преку дебата на тема „Какви активности сакам во мојот град?“ и споделување на идеи и лични размислувања за функционирањето на Младинскиот центар во Велес, група на млади волонтери од Велес, активисти на ЗГ „Младите можат”, меѓудругото предложија и активности кои ќе се вметнат во програмата за работење на Младинскиот центар.
На работилницата која се одржа во ЛБ „Гоце Делчев”, покрај споделувањето на идеите од страна на младите, свое обраќање имаа и мобилизаторката на проектот Софија Стојановска и Владимир Смилев, службеник за млади во Општина Велес кои информираа за правно-формалниот процес за формирање на Младинскиот центар во Велес, за неговата улога, значење и придобивките од неготово постоење во заедницата.
Општина Велес е една од првите четири, пилот општини во кои е предвидено отворање на Младински центар, согласно Законот за младинско учество и младински политики.