Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ е вклучено во проектот „Моите раце се огледало на мојата култура“. Проектот го реализира во партнерство со училишта од Грција, Србија, Италија и Турција.
Целта на проектот е размена на културата на државите на знаковен јазик. Финансиски е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку Програмата на Еразмус +.
Денеска во просториите на Општина Велес, координаторот го презентираше проектот пред градоначалникот Колев кој истакна дека ги поддржува во неговата реализација и особено му е драго што училиштето соработува со училишта од други држави.