Општина Велес ја одбележа годишнината од загинувањето на Благој Страчковски. Денес се навршуваат 79 години од бруталното убиство на народниот херој и член на Велешкиот партизански одред.
Во чест и спомен на Благој Страчковски, делегација на Општина Велес, членови на неговото семејство како и претставници на Републичкиот Универзитет што го носи неговото име, положија свежо цвеќе пред спомен бистата во Младински парк.
Благој Страчковски е истакнат борец за слобода со бројни херојски подвизи, кој на 23 години загинува во Народноослободителната борба.