Од почетокот на мандатот на Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, денес беше врачено 100-то решение за легализација на г-динот Бранко Далевски од с.Башино Село.
Легализацијата на објекти беше проблем на велешани за кој во предизборниот период Градоначалникот се обврза дека ќе се заложи. Со реорганизација на постоечките човечки ресурси во Општината се максимизираа капацитетите на овој сектор, поради што се предвидува дека во текот на 2022 година ќе бидат решени од 500 до 750 предмети, односно 750 граѓани ќе го добијат своето решение.