Огромно е задоволството кога слушаме за спортски успеси на балкански манифестации, но гордоста е уште поголема кога златниот медал ќе се врати токму во Велес.
Трајче Илијевски, човекот кој го освои првото место за атлетска трка на 3000 метри на Балканското ветеранско првенство во сала кое се одржа во Словенија и се закити со титулата балкански шампион, на покана на градоначалникот денес беше во неговиот кабинет. Градоначалникот Колев од име на Општината му искажа благодарност за афирмација на градот и државата, но му вети и поддршка за неговите натамошни настани.
Но, соработката не застанува тука. Во наредниот период ќе следуваат нови, убави моменти за велешани, преку кои заедно ќе придонесеме за активен и здрав живот и промоција на градот.
За поубав Велес !