Градоначалникот на Општина Велес, постапувајќи по барањето поднесено под УП број 1310-15 од 23.03.2022 година од страна на Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје, за одобрување на проектна програма, врз основа на член 58 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/2020), член 58 и член 60 од Правилникот за урбанистичко планирање(Службен весник на РСМ бр.225/2020 и 219/2021), го донесе следното:
РЕШЕНИЕ
Се одобрува проектна програма со УП број 1310-15 и со број на постапка 41958 од 23.03.2022 година, изработена од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје, за изработка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 255, КП 256 и дел од КП 73/1, КО Чалошево, Општина Велес.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Подносителот Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје, поднесе барање за одобрување на проектна програма со УП број 1310-15и со број на постапка 41958 од 23.03.2022 година, за изработка на Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје, за изработка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 255, КП 256 и дел од КП 73/1, КО Чалошево, Општина Велес
Со барањето ја приложи следната документација и докази:
- Барање за одобрување на Проектна програма,
- Проектна програма со тех.бр.136/21-y, од Септември, 2021 година,
- Графички прилог на проектната програма,
- Услови за планирање на просторот со тех.бр.Y02222 од Февруари, 2022 година, издадени од Агенција за планирање на просторот.
- Решение за услови за планирање на просторот со арх.бр.УП1-15 452/2022 година, издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање – Сектор за просторно планирање.
Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Велес, со Решение 08-600/1 од 02.02.2022 година, по разгледување на приложената документација кон барањето и извршениот увид во истата, констатира дека барањето за одобрување на проектната програма е основано и е во согласност со член 60 од Правилникот за урбанистичко планирање(Службен весник на РСМ бр.225/2020 и 219/2021), за што до градоначалникот достави предлог за одобрување на проектната програма со бр. 1310-38 од 12.10.2021 година, во кое даде позитивно мислење и предлага истата да се одобри.
Градоначалникот на Општина Велес врз основа на приложената документација кон барањето и предлогот за одобрување на Комисијата за урбанизам при Општина Велес, констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Правилникот за урбанистичко планирање и Законот за урбанистичко планирање (Службен Весник на РСМ бр.32/2020).
Врз основа на горенаведеното, Градоначалникот одлучи како во диспозитивот.
Правна поука: Против ова Решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на истото, до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот. Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.