Врз основа на член 51 став10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) член 50 точка 16 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14) Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета
на ЛУПД за намена Б5-Хотелски комплекси – Романтик, КО Башино Село-вгр, Општина Велес
Јавната анкета и јавната презентација на ЛУПД за намена Б5-Хотелски комплекси – Романтик, КО Башино Село-вгр, Општина Велес ќе се спроведе со објавување соопштение во информацискиот систем е-урбанизам, во две јавни гласила, со излагање на Синтезен прилог во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, како и на официјалната веб страна на Општина Велес.
Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 04.04 2022 год до 08.04 2022 год., од 7.30 до 15.30 часот секој работен ден.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 06.04.2022 година во 12:00 часот во просториите на Општина Велес.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Марко Колев