Врз основа  на член 50, став 1, точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен.весник на Република Македонија“ бр.5/02), член 19-а став 4 и член 23 од Законот за јавните претпријатија („Службен.весник на Република Македонија“ бр.38/96 …. 35/19 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19),

Градоначалникот на Општина Велес на ден  08.04.2022 година, донесе

 

Р Е Ш Е Н И Е

за избор на Директор

на Јавното комунално претпријатие

 „Дервен“ Велес

 

1.За Директор на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ Велес

се избира:

– Горанчо Наунчев од Велес – Дипломиран инженер технолог од базно неорганско инженерство.

2. Директорот својата функција ќе ја извршува за време од 4 години започнувајќи од 12.04.2022 година.

3.Ова Решение стапува во сила со денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен гласник на Општина Велес“.

 

Образложение

            Градоначалникот на Општина Велес, распиша Јавен конкурс бр.08-1626/2 од 23.03.2022 година за избор на директор на ЈКП „Дервен“ Велес.  По распишаниот јавен конкурс, Градоначалникот на Општина Велес донесе одлука со која Горанчо Наунчев од Велес e избран за  Директор на ЈКП „Дервен“ Велес со мандат од 4 години од денот на изборот започнувајќи од 12.04.2022 година.

Врз основа на горе изнесеното, а согласно член 19-а став 3 и член 23 од Законот за јавните претпријатија („Службен.весник на Република Македонија“ бр.38/96 …. 64/18) се одлучи како во диспозитивот на ова решение.

Правна поука: Против ова решение може да се изјави жалба  во рок од 8 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за управна постапка и постапка за работен однос во втор степен.

 

Број 08-1626/7                                                                                           Градоначалник

08.04.2022 година                                                                                 на Општина Велес,

В е л е с                                                                                                       Марко Колев

Решение