Се известуваат граѓаните на Велес дека од денеска, 15 април 2022 година, започна реконструкцијата на дел од тротоарот на улица „Љубљанска“, од спој со улица „Благој Ѓорев“ и улица „Лазо Осмаков“. Во текот на изведувањето на зафатот ќе се користи градежна механизација од помал обем. Заради безбедност во изведувањето на работата ќе биде поставена соодветна сигнализација.
Се замолуваат граѓаните да бидат внимателни при движење на тој дел од улицата и да ја почитуваат поставената сигнализација.
Времетраењето на реконструкцијата на тротоарот е околу 10 дена.