Градоначалникот на Општина Велес врз основа на Предлогот од Организацискиот одбор на културната манифестација „59.Рацинови средби“ за објавување конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2022 бр.08-1601/13 од 28.04.2022 година објавува

К О Н К У Р С

за доделување на наградата

„Рациново признание“ за 2022 година

Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2021 година до мај 2022 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата се доставуваат во 3 примероци на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2022 година.

Делата треба да се достават на горенаведената адреса најдоцна до 25.05. 2022 година.

 

Градоначалник
на Општина Велес
Марко Колев

Број 08-1601/14

29.04.2021 година

Конкурс