На 11 мај (среда) 2022 година, во раните утрински часови започна со спроведување на пролетната дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на Општина Велес. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита за 2022 година.
Реализацијата на активностите започна во раните утрински часови. Третирањето кое опфаќа површина од 150.000 м2 го врши ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје.
Во рамките на активностите во вчерашниот ден беа опфатени подрачјата на градскиот парк, градскиот стадион, паркот Каршијака, зелената површина кај Здравениот дом, Младинскиот парк, паркот кај Гимназијата „Кочо Рацин“, железничка станица, паркот на Општина Велес, отворениот канал спроти ООУ „Васил Главинов“, паркот „Васил Главинов“, зелената површина кај споменикот на „Алексо Демниевски Бауман“, игралиштето и паркот во населба Тунел. Дератизирано е и езерото „Младост“.
Активностите продолжуваат и денес, ќе бидат опфатени лев и десен брег на Вардар од Башино село до компанијата Агрија.