Почитувани жители и посетители на населено место Сопот,
Ве известуваме дека во периодот од 20.05.2022 година до 30.08.2022 година ќе се започне со изведба на градежните работи на локација населено место Сопот, за реализација на проектот: „Изградба на водоснабдителен систем во населено место Сопот”.
Работите ги изведува фирмата „Заедничко вложување ДЕЛТА-ПРОМ ИНГ ДООЕЛ и ДЕЛТА-ПРОМ ДООЕЛ Велес”, а инвеститор е општина Велес. Овој проект се реализира преку грант -средства од Меѓународната банка за обнова и развој Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и МСИП проектот со цел подобрување на квалитетот на животот на локалното население.
Притоа Ве известуваме дека во периодот од 20.05.2022 до 30.08.2022 во времетраење од 07:30 часот до 15:30 часот, ќе се изведуваат градежни активности заради поставување на водоводна мрежа за потребите на населеното место Сопот во должина од 3422 метри.
Во текот на работните денови во неделата од понделник до петок, ќе има отежнато одвивање на сообраќајот само на одредени делници од трасата.
Затоа, Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од Ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи.
За дополнителни информации / прашања, Ве молиме да се обратите кај лицето Веса Смилева од општина Велес (тел. 078/387-396).