Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2019 година со Одлука бр бр. 27-6567/9 од 16.11.2015 година, од Советот на Општина Велес,  Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета по

Предлог  Детален урбанистички план за дел од УЕ 3, дел од УБ 24 и УЕ10 дел од УБ 52, Градски парк, Општина Велес.

Граници на опфатот се :

  • Од северната страна, границата на планскиот опфат почнува со пресек на осовината на отворен атмосферски канал (дел од КП бр. 1157/1) и продолжува на северна страна кон исток покрај КП бр. 1172 кон река Вардар
  • Источната граница на планскиот опфат се движи по осовината на планираното регулирано корито на река Вардар до пресек со магистралната улица „1“
  • На источната страна границата се движи кој југ по осовина на улица „1„ до пресек со улицата „Алексо Демниев“
  • На јужна страна границата се движи по осовината на улица „Алексо Демниев“ до пресек со железничката пруга.
  • На запад границата се движи по коридорот на Македонски железници кон север до пресек со улица „Вардарска“ и продолжува по осовина на отворениот канал до почетната КП бр. 1172.

Опфатот е со површина од 17.4 ха.

Јавната анкета и Јавната презентација по  Предлог Детален урбанистички план за дел од УЕ 3, дел од УБ 24 и УЕ10 дел од УБ 52, Градски парк, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување Соопштение во информацискиот систем е-урбанизам како и во две јавни гласила и со излагање на Предлог планот во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.

Јавната анкета ќе трае 5 работни дена, од 26.05 до 01.06.2022 год., од 7,30 до 15.30 часот во просториите на Општина Велес.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 30.05.2022 година во 12:00 часот во просториите на Општина Велес.

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Велес

  Марко Колев

 

Соопштение

Синтезен

Анкетен лист