Со стабилизирање на временските услови, од утре 31 мај 2022 година, продолжуваат започнатите градежни зафати на раскрсницата на улица „Ангел Мишев“ спој со улица „Петре Прличко“ и улица „Димитар Влахов“, наспроти маркет Жито.
Се известуваат граѓаните дека поради непречено одвивање на градежните работи ќе има прекин на сообраќајот кој ќе трае најмалку две недели. Ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација која треба да се почитува.
Градежните работи на истоимената улица се за поставување на нов канализационен колектор и нова секундарна канализациона линија.