Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05………120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19…288/21) и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.01/2022 (со арх.бр.08-3211/2 од 06.07.2022 година),
Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната
О Д Л У К А
за избор на кандидат по Јавен оглас
за вработување на неопределено време
- Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.01/2022 (со арх.бр.08-3211/2 од 06.07.2022 година) за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место- Работник за давање на податоци-информации, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013– 1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:
- Давид Андов
- Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.
- Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Општина Велес на ден 08.07.2022 година, објави Јавен оглас бр.01/2022 (со арх.бр.08-3211/2 од 06.07.2022 година), за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место – Работник за давање на податоци-информации, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013–1(еден) извршител утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот оглас се јави 1(еден) кандидат.
Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека поднесена е 1(една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријави по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.04-3211/9 од 15.07.2022 година, со конечна ранг-листа.
Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.
Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.
Број.08-3211/11
18.07.2022 година
Градоначалник
на Општина Велес
Марко Колев