Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Заедно под исто сонце” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Велес.
Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, со завршено образование за специјален едукатаор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС), како и лице наставник по предметна настава (VII/1 степен т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС), при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција);
- млади лица до 29 години;
- лица постари од 50 години;
- невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19;
- лица корисници на гарантирана минимална помош;
- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа;
- жртви на семејно насилство;
- лица со попреченост;
- жени припадници на помалите етнички заедници;
- лица припадници на ромската етничка заедница;
- самохрани родители;
- родители на деца со пречки во развојот;
- родители на 3 и повеќе деца.
Работните позиции кои се опфатени со овој повик се однесуваат на ангажирање на:
- пет (5) образовни асистенти за работа со ученици со посебни образовни потреби инклузирани во средните општински училишта.
Заинтeресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Велес во периодот од 03.08.2022 година до 15.08.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Велес и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Велес кај лицето Родна Трајковска моб. 076 351 675, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување-Центар за вработување Велес кај лицето Елица Јаневска моб. 078 487 119, Центар за социјлна работа Велес кај лицето Благој Костов моб. 070 238 363.