Општина Велес во соработка со Агенцијата за млади и спорт, оваа година за прв пат ја одбележува Европската недела на спортот.
На просторот во Градскиот парк во Велес, на терените на т.н. Ракометно игралиште, на велосипедската патека (Pump Track), на просторот на фитнес зоната и на теренот на тениското игралиште, истовремено се одржаа неколку спортски активности.
Настанот го организираше тим на ученици од основните општински училишта „Васил Главинов” и „Блаже Конески” со одговорни наставници, а во координација на Службеникот за млади од Општина Велес. Поддршка на истиот дадоа и членовите на Тенискиот клуб „Борец Велес” од Велес.