Почитувани сограѓани од бошњачката заедница,

Со голема благодарност за вашиот придонес во развојот на Велес, во името на сите граѓани на Велес, Општина Велес ви го честита 28 Септември, Меѓунaродниот ден на Бошњаците и ви посакува многу здравје, успех и благосостојба.

Општина Велес ќе продолжи и во иднина да ја негува културната традиција на градење соживот со различните етнички заедници кои се нераскинлив дел од општеството.

Ќе продолжиме да ги негуваме и почитуваме различните културни, верски и идентитетски карактеристики затоа што тие се непроценливо богатство на една локална заедница.

 

Со почит,

Општина Велес